Италијанскиот калчолигаш Јувентус сака да го има легендарниот Џанлуиџи Буфон во тимот и во сезоната 2020/21. Потпретседателот Павел Недвед отпочна преговор за нов договор, според кој Џиџи Буфон би бранел до 43-годишна возраст, а потоа би ја завршил извонредната кариера и веднаш би добил функција во раководството на „старата дама“.
Буфон оваа сезона настапи на три натпревари и покажа дека се уште е во врвна форма, иако е втор голман во тимот, зад Војчех Шчешни. Голманот цели 17 години беше во Јувентус по доаѓањето од Парма, во сезоната 2018/19 замина во ПСЖ, но потоа повторно се врати во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА