Дејан Кулушевски нема да ја продолжи кариерата во Интер, туку во Јувентус, откако „старата дама“ ги прескокна сите ривали во трката по шведскиот интернационалец со македонски корени. „Црно-белите“ во текот на вчерашниот ден водеа интензивни преговори со Аталанта, при што на крајот беше договорено трансферот да изнесува 35 милиони евра, плус десет милиони преку неколку различни клаузули.
Во таборот на „старата дама“ се свесни дека средниот ред е најслаб дел од тимот и веруваат дека Кулушевски би бил идеално засилување за периодот што следи. Иако има само 19 години, овој фудбалер игра во блескава форма за Парма, постигнувајќи четири гола и 17 асистенции сезонава.
Парма има договор да го задржи Кулушевски до крајот на сезонава, но Јувентус ќе го понуди Марко Пјаца на овој клуб, за да добие зелено светло шведскиот репрезентативец да пристигне во јануарскиот преоден рок. Доколку Парма одбие, тогаш Кулушевски ќе пристигне во Јуве на крајот од сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА