Јувентус и Интер би го довеле Хакими во Серија А

Ашраф Хакими, фудбалерот кој го носи дресот на Борусија Дортмунд, но е во сопственост на Реал Мадрид, е желба на два италијански калчолигаши. Шампионот Јувентус и Интер, клубот кој планира да го преземе приматот на „старата дама“ во наредните години, сакаат да го доведат Хакими во Серија А. Но, тоа нема да биде лесна задача.

Реал Мадрид одлучи да го повлече десниот бек од Борусија Дортмунд по двегодишна позајмица, тренерот Зинедин Зидан најави дека сериозно смета на него за следната сезона, а „кралевите“ објавиа дека неговата вредност изнесува околу 60 милиони евра. Старо-новиот првак на Германија, Баерн Минхен, исто така е решен да се обиде да го купи Ашраф Хакими по завршувањето на сезоната.

Се вчитува...