Јувентус и Интер си поделија по бод во дербито на Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус и Интер одиграа без победник 1-1 во дербито на Италија како дел од последниот меч од денешната програма во 13. рунда од Серија А.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Душан Влаховиќ во 27. минута. Сепак, гостите успеаја само шест минути подоцна да израмнат на 1-1 преку аргентинскиот голгетер, Лаутаро Мартинез.

Во второто полувреме како и двата тима да беа задоволни од ремито, па не ни донесоа некои возбудувања, па на крајот сето тоа резултираше со конечни 1-1. Интер останува лидер на табелата со 32 бода, односно два повеќе од Јувентус.

Juventus 1-0 Inter – Dusan Vlahovic 27′
byu/Meladroitdeposter insoccer

 

Juventus 1-[1] Inter – Lautaro Martinez 33′
byu/Meladroitdeposter insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...