Јувентус и Милaн во „битка“ за ѕвездата на Наполи

Милан и Јувентус „влегуваат“ во битка за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз. 25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Руиз влезе во последната година од договорот, па поради тоа Наполи е спремен да слушне понуди за да не го загуби без никаква отштета следното лето.

За него интерес покажуваат Арсенал и Манчестер Сити, но сега во трката се приклучија и италијанските гиганти. Милан и Јувентус се во потрага по квалитетен играч за врска и се спремни да понудат 30 милиони евра за Шпанецот.

Наполи преферира да ја продаде својата ѕвезда на клуб надвор од Серија А, но Барса и Реал Мадрид и покрај интересот во претходните години воопшто не ја разгледува опцијата за испраќање понуда за Руиз летово.

Се вчитува...