Јувентус и Рома, конечно, се договорија

Рома по долги преговори конечно успешно ги финализираше преговорите со Јувентус за ангажман на Даниел Ругани. За 25-годишниот дефанзивец нема место во плановите на Маурицио Сари, па „старата дама“ преговараше со неколку клубови кои покажаа интерес за Ругани.

На крајот, пресуди желбата на фудбалерот да остане во Италија, па Јувентус ја прифати понудата на „римската волчица“ за едногодишна позајмица на одбранбениот фудбалер. „Старата дама“ ќе заработи околу пет милиони евра за позајмицата, а во договорот е вклучена и клаузула според која Рома ќе мора следното лето да плати дополнителни 25 милиони за целосно да го откупи договорот меѓу Ругани и Јуве.

„Старата дама“ до крајот на преодниот рок ќе ги интензивира преговорите за продажба на напаѓачи, а се очекува да си заминат најмалку двајца од Манџукиќ, Дибала и Игуаин.

Се вчитува...