Јувентус има „дил“ со Луис Суарез

Луис Суарез ги одработува првите тренинзи на Барселона под водство на Роналд Куман, чекајќи неговиот агент да го договори раскинот со каталонскиот гигант по што уругвајскиот голгетер ќе може како слободен играч да го договори својот нов клуб. Според пишувањата на „Газета дело спорт“ тоа ќе биде Јувентус откако челниците на „старата дама“ ги договориле условите за соработка со уругвајскиот голгетер.

Тој ќе добие двогодишен договор за плата од 10 милиони евра, сума што е за нијанса повисока од она што го заработуваше во Барселона. Јуве долго време преговараше со Един Џеко, но „црно-белите“ сметаат дека Уругваецот е подобра опција од босанскиот голгетер, кој бара 7,5 милиони евра годишна плата, но и ќе мора да бидат исплатени десет милиони евра на Рома. Во една таква ситуација, помладиот Суарез се чини како подобра инвестиција, па според „Газета“ трансферот во Јуве ќе биде комплетиран веднаш откако тој ќе добие раскин со Барселона.

Поранешниот ас на Ливерпул во нападот на Јуве ќе го замени Гонзало Игуаин, кој се наоѓа на излезна врата. Аргентинецот исто така бара раскин на договорот, но и исплата на загарантираните 7,5 милиони евра за сезоната 2020/21, по што како слободен играч би се преселил во МЛС-лигата.

Се вчитува...