Јувентус избра: Соиграч на Пандев е наследникот на Буфон

Веќе нема никакви дилеми, Матиа Перин ќе биде голманот кој ќе ја има одговорната задача да го наследи Џанлуиџи Буфон на голот на Јувентус. Опција за „старата дама“ беа уште неколку квалитетни голмани, но челниците на Јуве повторно се решија за италијанска опција, и тоа за соиграч на Горан Пандев од тимот на Џенова.

Во текот на вчерашниот ден беа водени нови преговори меѓу двата клуба што се оценети како максимално позитивни. Италијанските медиуми најавуваат дека во следните 48 часа ќе биде постигнат целосен договор, Јувентус при самиот потпис ќе плати 15 милиони евра, плус три милиони што би се платиле доколку се активираат неколку клаузули, во зависност од бројот на настапи и освоени трофеи.

Матиа Перин ќе настапи во Торино на голот на Италија на пријателскиот натпревар со Холандија, а како што јавува весникот „Тутоспорт“, тој потоа ќе остане во овој град, каде по лекарските прегледи и официјално ќе потпише договор со најтрофејниот италијански клуб.

Се вчитува...