Јувентус ја чува „деветката“ слободна

Во списокот на играчи што Јувентус денеска го депонираше во „Калчо-лигата“ нема фудбалер со дресот со број девет, подгревајќи ги шпекулациите дека „старата дама“ ќе донесе нов врвен голгетер до крајот на овој преоден рок.

Гонзало Игуаин вообичаено го има овој број на дресот, но Аргентинецот за новата сезона го избра бројот 21 во таборот на „старата дама“. Мауро Икарди останува голема желба на Јуве, но останува да се види дали овој трансфер ќе се реализира во текот на следната седмица. Интер го регистрираше Аргентинецот како свој член за настап во новата сезона, и тоа со дресот со број седум на „нероаѕурите“.

Од новите фудбалери во Јуве, Де Лихт ја зеде „четворката“, Рамзи ќе игра со „осумка“ на грбот, Данило со „малерозната тринаесетка“, додека Рабио го избра дресот со број 25.

Се вчитува...