Јувентус ја донесе конечната одлука за иднината на Алегри

Освојувањето на трофејот во Купот на Италија со триумф од 1-0 над Аталанта во големото финале нема да ја промени одлуката на раководството на „старата дама“ кога е во прашање иднината на Масимилијано Алегри, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо.

За италијанскиот стартег тоа беше последно финале на клупата на Јувентус со што се потврдија информациите кои долго време кружат во светот на фудбалот за негово заминување од Торино со крајот на сезоната.

Алегри заминува од вториот мандат на клупата на Јувентус по серија на лоши резултати пред крајот на сезоната. Искусниот Италијанец кој му донесе на клубот вкупно 12 трофеи беше на клупата на Јувентус од 2014 до 2019 година, а потоа повторно седна на „жешкото столче“ од 2021 година.

Се вчитува...