Јувентус ја гризна „волчицата“ и го освои „Олимпико“

Јувентус славеше важен триумф (1-2) на гости против Рома на „Олимпико“ и се врати на врвот на табелата во Серија А со 48 бода, два повеќе од Интер. Тимот на Маурицио Сари поведе со 0-2 по само десетина минути игра.

Мерих Демирал уште во третата минута донесе предност за „старата дама“, а Кристијано Роналдо од пенал го удвои водството во десеттата минута. Рома долго се обидуваше да возврати, а доби шанса од пенал во 68.минута. Прецизен од белата точка беше Диего Пероти за 1-2.

Во финишот Един Џеко и Диего Пероти имаа можности за да донесат израмнување, меѓутоа не успеаја.

Се вчитува...