Јувентус ќе го „жртвува“ Пјаниќ за да го купи Роналдо?

Италијанскиот првак Јувентус очигледно дека ќе треба да ослободи дел од буџетот за да може да го купи Кристијано Роналдо. Реал Мадрид бара отштета од најмалку 100 милиони евра, а Португалецот треба да потпише договор на четири сезони, со годишна плата од 30 милиони евра. Тоа секако е значително оптоварување дури и за најбогатиот италијански клуб.

Раководството на „старата дама“ ќе мора да продаде најмалку еден фудбалер ова лето, а „жртвата“ би можел да биде босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ. За него постои интерес од Барселона, Реал Мадрид и ПСЖ, а Јувентус не би се согласил за разделба без да инкасира најмалку 70 милиони евра.

Во средниот ред на Јувентус ова лето пристигна Емре Џан, кој дојде како слободен играч од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Се вчитува...