Јувентус ќе носи уште две ѕвезди бесплатно

Јувентус и за наредниот период планира продолжување на својот начин на пазарење со носење слободни фудбалери. Веќе за јануарскиот преоден рок италијанскиот клуб планира две нови имиња кои би ги добил бесплатно, како што изминатово лето успеа да ги ангажира Арон Рамзи и Адриен Рабио.

Прв на листата е Кристијан Ериксен од Тотенхем кој одбива да остане во Лондон. Има договор до крајот на сезоната, а Јувентус за него ќе се бори со мадридски Реал.

Втората ѕвезда која ја планира „Старата дама“ е бразилскиот офанзивец од Челси, Вилијан кој со Маурицио Сари веќе соработуваше во Лондон.

Јувентус за 2020 година го планира и ангажманот на 20-годишниот германски фудбалер, Каи Хаверц за кого Баер Леверкузен бара 100 милиони евра.

Се вчитува...