Јувентус на лето го купува Дармијан

Италијанскиот првак Јувентус е во потрага по нов десен бек, откако оваа сезона големи проблеми со повредите имаат Матија Де Шилјо и Хуан Квадрадо. Тренерот Масимилијано Алегри бара подобра опција од Стефан Лихтштајнер, кој најверојатно ќе го напушти Торино на крајот од сезоната, а погледите се насочени кон италијанскиот репрезентативец кој има скромна минутажа во Манчестер јунајтед.

Дармијан одигра само 12 натпревари од стартот на сезоната во сите конкуренции во дресот на „црвените ѓаволи“ и подготвен е да се врати во Италија, а Јувентус за него би платил 10 милиони евра. Покрај „старата дама“, за Дармијан е заинтересиран и Интер.

Се вчитува...