Јувентус на лето тргнува по Пол Погба

Италијанскиот првак Јувентус е во мала резултатска криза, а раководството му даде ултиматум на Маурицио Сари да го исправи бродот експресно во трката за титулата или во спротивно би можел и Масимилијано Алегри да се врати на клупата. Раководството размислува и за нови засилувања за следната сезона и дефинитивно одлучи со сите сили да тргне по Пол Погба. Враќањето на Французинот во Торино ќе биде главната мисија на Ањели во летниот преоден рок.

Јувентус е подготвен да плати 80 милиони фунти за одличниот играч за врска и повторно да го доведе во Торино. Во трката за него се и Реал Мадрид и ПСЖ, но челниците на Јуве се убедени дека Погба сака повторно да го носи дресот на „старата дама“.

Погба го пропушти поголемиот дел од сезонава поради повреда, а според последните информации тој ќе може да се врати на терените во текот на следниот месец, поточно на градското дерби со Манчестер Сити закажано за 8 март.

Се вчитува...