Јувентус на преговори со Погба во Турција

Италијанскиот првак Јувентус се обидува да го врати во Торино францускиот репрезентативец Пол Погба. Тој најави дека сака да замине од „Олдф Трафорд“, а се чини дека пропаѓа можноста да направи трансфер во Реал Мадрид. По ова, најреална опција е да се врати во редовите на „старата дама“.

Директорот Фабио Паратичи замина во Турција во двојна мисија. Тој го следеше квалификацискиот меч меѓу Турција и Франција (2-0) за да разговара за ангажманот на турскиот репрезентативец Мерих Демирал, кој настапува за Сасуоло, но и со Пол Погба за негово враќање во Торино. Тој најверојатно би можел да се врати како позајмен играч од Манчестер Јунајтед, со опција за понатамошно откупување на договорот.

Се вчитува...