Јувентус најмалку 30 дена без Дибала

Јувентус прескапо ја плати победата на Сардинија откако беше утврдено дека повредата на Пауло Дибала на гостувањето против Калјари е од посериозен карактер. Аргентинецот со солзи во очите го напушти теренот, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за истегнување на мускулот.

Како што јавуваат италијанските медиуми, паузата на Дибала ќе изнесува меѓу еден месец и 45 дена, што значи дека тој ќе пропушти неколку значајни натпрервари на „старата дама“. Тој нема да биде во комбинација за гостувањето против Фиорентина, како и градското дерби со Торино, ќе го пропушти првиот полуфинален меч од Купот на Италија, во Бергамо против Аталанта, а крајно неизвесно е дали ќе настапи и на првиот дуел од осминафиналето во ЛШ против Тотенхем.

Неговото отсуство ќе значи и поголема минутажа за Даглас Коста, кој во последно време игра се подобро по летниот трансфер од Баерн Минхен.

Се вчитува...