Ангажманот на Микеле Ди Грегорио на голманската позиција очигледно беше грешка на Јувентус. Голманот кој дојде од Монца не ги оправда очекувањата на „Старата дама“, и затоа една од целите на тимот од Торино ќе биде ангажман на чувар на мрежата.
Според италијанските медиуми, Јувентус нема намера повеќе да експериментира, па затоа носи искусен голман во своите редови. Станува збор за шпанскиот интернационалец Давид де Геа, актуелниот голман на Фиорентина.
Шпанецот оваа сезона имаше многу тешкотии, со оглед дека неговиот тим долго време се бореше за опстанок, но успеа да се износи со притисокот, и да му овозможи на својот тим да остане и натаму во Серија „А“.
Де Геа во минатото беше дел од Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, а е и поранешен шпански репрезентативец.
Претходно беше објавено дека Јувентус го сака Алисон во своите редови, но се поизвесно е дека Бразилецот ќе остане во Ливерпул и наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
