Јувентус: Ние ќе излеземе на терен… на потег е Наполи

Јувентус ќе се појави на теренот на „Алијанц Арена“ на утрешното дерби против Наполи, објави италијанскиот првак вечерва по најавите дека гостите нема да допатуваат во Торино за да го одиграат овој натпревар.

Италијанските медиуми информираа дека локалните власти нема да му дозволат на тимот на Наполи да патува во Торино, оценувајќи го гостувањето како преголем ризик за ширење на коронавирусот. Се уште е неизвесно дали тоа ќе значи и губење на мечот со службен резултат, но од Јувентус јасно ставија до знаење дека не планираат да го одложат натпреварот.

„Јувентус објавува дека нашиот прв тим ќе излезе на терен за натпреварот против Наполи, утре во 20.45 часот, како што е предвидено со календарот на Серија А“, објави „старата дама“ преку официјално соопштение.

Одложен натпревар поради забрана од локални власти може да биде преседан што потоа често би се користел, со што би се предизвикал уште поголем хаос во италијанскиот шампионат. Сепак, останува да се види што ќе се случува во текот на ноќта, дали „наполитанците“ ќе тргнат на пат за Торино или ќе следиме нова фудбалска „сапуница“, што ќе се води надвор од теренот.

Се вчитува...