Јувентус објави: Де Лихт потпиша до 2024 година, Ајакс доби 75 милиони евра

Капитенот на Ајакс и холандски репрезентативец, Матијс де Лихт, и официјално е нов член на италијанскиот првак Јувентус. Тој потпиша договор до 30 јуни 2024 и во наредните пет години ќе го носи дресот на „старата дама“.

Јувентус победи во трката за одличниот дефанзивец за кого беа заинтересирани најголемите европски клубови. Барселона исто така долго беше во трката, но агентот Мино Рајола сепак го доведе Матијс де Лихт во Торино.

Ајакс од овој трансфер заработи 75 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони евра би можеле да легнат на сметката на клубот од Амстердам како дополнителни бонуси во наредниот период, во зависност од успесите на Де Лихт со Јувентус.

Се вчитува...