Јувентус одби 90 милиони евра од Челси

Јувентус го доведе Кристијано Роналдо, преговара за уште неколку врвни засилувања, но во таборот на „старата дама“ истовремено разговараат и за продажба на дел од првотимците. Гонзало Игуаин и Даниеле Ругани би требало да бидат првите што ќе си заминат со оглед на сериозниот интерес на Челси за нивните услуги, но Јувентус стави до знаење дека ако овие двајца играчи си заминат, тоа ќе биде под условите на кои инсистира директорот Марота.

Токму затоа веќе се понудени две понуди на Челси за овој тандем, откако првиот оперативец на клубот останува на ставот дека Ругани и Игуаин заедно чинат 100 милиони евра. Јувентус го има проценето Игуаин на 60 милиони евра, а Ругани на 40 милиони, па токму затоа беше одбиена и втората понуда на лондонскиот клуб, во вкупна вредност од 90 милиони евра.

Челси синоќа отпатува на турнеја во Австралија, а преговорите ќе продолжат и во следните денови. Сари инсистира токму овие двајца фудбалери да му бидат доведени како големи засилувања за наредната сезона, имаше беспрекорна соработка со дефанзивецот Ругани во Емполи, потоа го извлече максимумот од Игуаин во Наполи.

Се вчитува...