Јувентус одлучи – Спалети останува тренер

Домашниот пораз од Фиорентина скапо ќе го чини Јувентус откако „старата дама“ ги загуби речиси сите шанси за пласман во Лигата на Шампионите за наредната сезона.

Ова ќе значи и финансиска загуба од околу 50 милиони евра во однос на предвидените приходи за 2026/27, но резултатското фијаско нема да донесе и нова тренерска смена. Како што информира „Газета дело спорт“, највисокото раководство на „старата дама“ донело одлука да го продолжи проектот со поранешниот италијански селектор.

Спалети потпиша договор до 2028 година, а челниците на Јуве се уште гледаат на него како на идеален стратег за враќање на „црно-белите“ во борбата за трофеите. Фактот дека Јуве (најверојатно) нема да игра во ЛШ ќе придонесе тимот да може целосно да се фокусира на настапите во домашното првенство. Со оглед на намалениот буџет, нема да бидат возможни скапи засилувања, но се најавува дека Јуве ќе тргне по Ким од Баерн Минхен, како и по Лоботка од Наполи.

Во зависност од тоа дали Влаховиќ ќе остане во клубот ќе биде донесена одлука дали ќе се тргне во офанзива по нов напаѓач.

Јувентус во последното коло од Серија А го очекува градско дерби со Торино, дуел на кој Спалети нема да може да смета на Јилдиз по повредата што турскиот напаѓач ја заработи на еден од последните тренинзи.

Се вчитува...