Јувентус ослабен – Роналдо не игра против Бреша

Јувентус ќе биде сериозно ослабен на утрешниот натпревар против Бреша, откако беше обелоденето дека Кристијано Роналдо воопшто нема да патува со експедицијата на „црно-белите“ на ова гостување. Маурицио Сари на денешната прес-конференција најави дека Португалецот се пожалил на повреда по дуелот со Верона, а лекарите по деталните прегледи дале препорака тој да го пропушти мечот со Бреша.

Јуве веќе загуби два бода сезонава, на последното гостување со Фиорентина, па јасно е дека „старата дама“ не смее да си дозволи уште еден неуспех на стартот од сезонава. Се очекува Сари во отсуство на Роналдо да му даде шанса на триото Дибала – Игуаин – Бернардески, а на клупата за резерви повторно ќе го нема Марио Манџукиќ.

Домаќините ќе бидат дополнително засилени со Марио Балотели, кој ја одлежа суспензијата и утре токму против Јуве ќе дебитира во дресот на Бреша.

Се вчитува...