Јувентус отиде на +6 на шест кола до крајот на Серија А

Актуелниот италијански првак Јувентус направи голем чекор напред кон одбрана на шампионската титула. „Старата дама“ го искористи ремито на Наполи и со триумф над Сампдорија (3-0) на домашен терен се одлепи на шест бода позитива во однос на најблискиот конкурент, на шест кола до крајот на шампионатот во Серија А.

Марио Манџукиќ беше стрелец на првиот погодок за Јувентус во 45.минута од мечот. Во вториот дел, својот прв гол во дресот на клубот го постигна Ховедес, а конечниот резултат го постави Сами Кедира.


Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...