Јуве го враќа Алваро Мората!?

Италијанскиот првак Јувентус планира да го врати Алваро Мората во своите редови. Според италијанските медиуми, „старата дама“ веќе стапила во контакт со претставнци на Челси околу евентуален ангажман на Шпанецот, кој ги бранеше боите на Јуве од 2014 до 2016 година.

Тренерот Макс Алегри е во потрага по напаѓач кој би го заменил искусниот Марио Манџукиќ, Хрватот најверојатно ќе бара нова средина по завршувањето на оваа сезона. Единсон Кавани од ПСЖ е втора мета, но Мората е примарна цел на италијанскиот стратег. 25-годишниот голгетер стана миленик на фановите на Јуве во периодот кога го носеше црно-белиот дрес, постигнувајќи 27 погодоци на 93 настапи, па токму затоа Алегри ќе се обиде да го врати напаѓачот во Торино.

Мората е рекордно засилување на „сините“. Иако пристигна со реноме на врвен фудбалер, не ги оправда очекувањата на Островот. Сепак, доколку се постигне договор Челси ќе бара огромна сума, со тоа што одговорните за трансфер политиката на клубот не планираат да го продадат фудбалерот за помалку од цената која ја платија за него (65 милиони евра).

Се вчитува...