Јувентус по Роналдо, го сака и Марсело

Италијанскиот првак Јувентус го реализира мега-трансферот на Кристијано Роналдо за кој се очекува само официјалната промоција, а посакува да ангажира уште еден квалитетен фудбалер на „кралскиот клуб“. Според италијанските медиуми, левиот бек на Реал Мадрид е следната желба на раководството на „старата дама“.

Јувентус подготвува понуда вредна 50 милиони евра за да го привлече и Марсело во Торино. Бразилецот повеќе од една деценија е во редовите на Реал Мадрид и заменик капитен на тимот.

Доаѓањето на левиот бек би значело и сигурно заминување за Алекс Сандро, за кого се интересираат Челси, ПСЖ и Манчестер јунајтед, а чија вредност на фудбалскиот пазар изнесува околу 55 милиони евра.

Се вчитува...