Јувентус победи, Хеведес доаѓа на прегледи во Торино

Јувентус е новиот клуб на Бенедикт Хеведес, откако екс-капитенот на Шалке одби неколку понуди од Премиер-лигата за да се пресели во редовите на актуелниот првак на Италија.

„Старата дама“ ги финишираше преговорите со раководството на Шалке, кое попушти од барањата за отштета од 20 милини евра. На крајот беше договорено Јуве да плати четири милиони евра за едногодишна позајмица, заедно со дополнителни десет милиони за целосен откуп на договорот на Хеведес на крајот од сезонава.

Германскиот репрезентативец денеска ќе ги мине лекарските прегледи и ќе го потпише договорот со „старата дама“, по што ќе се врати на обврските кон својот национален тим.

Се вчитува...