Јувентус победува и без Игуаин – Сандро го реши градското дерби

Јувентус ја продолжи триумфалната серија во Калчо-лигата со уште една тешка гостинска победа, овојпат на градското дерби против Торино со 0-1. Успехот е уште поголем ако се знае дека до него е стигнато без помошта на Гонзало Игуаин, кој мораше да биде повлечен од игра по повредата заработена на самиот старт од овој дуел.

„Црно-белите“ уште на самиот почеток се соочија со огромен проблем, откако Гонзало Игуаин заработи незгодна повреда и мораше да биде заменет. На негово место влезе Бернардески, а токму екс-фудбалерот на Фиорентина беше во главна улога во 32. минута, кога по неговиот продор и асистенција Алекс Сандро немаше тешка задача од пет метри да ја затресе мрежата на Торино.

Постигнатиот погодок му овозможи целосна контрола на актуелниот првак, во чии редови во второто полувреме својот камбек на терените го имаше и Пауло Дибала. Аргентинецот ја пропушти најубавата шанса за погодок во вториот дел, но Јувентус со цврста игра во одбраната ги задржа налетите на „торинезите“ и

Се вчитува...