Екипата на Јувентус ја продолжи соработката со германскиот бренд Адидас и за следните години. Договорот кој е на сила во моментов ќе биде до 2027 година, а тогаш започнува нов договор кој ќе трае 10 години.
Според тој договор, Јувентус ќе заработи 468 милиони долари. Тоа значи повеќе од 40 милиони евра годишно за италијанскиот гигант од Адидас, кој ќе го „облекува“ тимот во следните 12 години.
Јувентус во минатото носеше „Најк“, „Капа“, „лото“, „Умбро“, а во Адидас е од 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА