Јувентус повторно краде млад талент на Јунајтед за без пари

Младиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Тахити Чонг одлучи да не го продолжи договорот со клубот. Талентираниот 19-годишник има договор со тимот од „Олд трафорд“ до јуни 2020. година, по кој ќе стане слободен фудбалер, а многу европски клубови се заинтересирани за неговите услуги.

Најголем фаворит за потписот на младиот фудбалер е Јувентус. „Старата дама“ внимателно ги следи случувањата во Јунајтед и е на добар пат на крајот на сезоната да го доведе Холанѓанецот за без пари.

Чонг во 2016 од редовите на Феенорд премина во Манчестер. Сезонава одигра девет натпревари, од кои шест беа за првиот тим, но не успеа да се запише во листата на стрелците, додека за вториот тим постигна четири гола.

Се вчитува...