Јувентус прокоцка два гола, со Милан ќе игра Лига Европа

Натпреварувачката сезона 2025/26 во Серија А заврши со вечерашното дерби меѓу Торино и Јувентус кое заврши без победник, 2-2. Дуелот доцнеше еден час поради диввеењето на гостинските навивачи, кои инсистираа фудбалерите на Јуве да не го играат натпреварот поради полициската бруталност врз нив.

На крајот беше донесена одлука дербито да се игра, гостинските навивачи бесни ја напуштија трибината, по што дуелот стартуваше во 21.45 часот.

Јувентус делуваше како да е на патот до победа откако поведе со 0-2 со двата гола на Душан Влаховиќ. Сепак, како и многу пати досега „старата дама“ имаше сериозен пад во концентрацијата, а противникот го искористи тоа и со два гола во второто полувреме стигна до реми.

Јувентусна крајот мораше да се задоволи само со шестото место и заедно со Милан ќе мора да игра само во Лигата на Европа, не обезбедувајќи место во ЛШ откако и двата италијански гиганти во последните четири кола забележаа само по една победа.

За потсетување, Интер ја обезбеди двојната круна во Италија, а покрај „нероаѕурите“ билети за ЛШ за новата сезона обезбедија уште и Наполи, Рома и Комо.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...