Видео: Една година Кристијано Роналдо во Јувентус

Италијанскиот шампион, Јувентус ја прослави годишната од доаѓањето на еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо. „Старата дама“ на профилите на социјалните мрежи објави специјално видео посветено на Португалецот, кој веднаш се наметна како суперѕвезда во Торино, па сега служи и за привлекување на нови асови во Јуве.

Тој минатата година на 10. јули пристигна во Јувентус во трансфер вреден 117 милиони евра. Во првата сезона во дресот на „старата дама“ португалскиот голгетер забележа 43 настапи на кои постигна 28 гола, освојувајќи ја титулата во Калчо-лигата.

 

Се вчитува...