Италијанскиот првак Јувентус е првиот финалист во Купот на Италија, откако и во реваншот во Торино ја совлада Аталанта со 1-0. Идентична предност тимот на Масимилијано Алегри обезбеди и по првиот меч што го играше на гости.
Во снежни услови, „старата дама“ успеа да стигне до предност од 1-0 со голот на Миралем Пјаниќ од пенал во 75.минута од средбата.
Во финалето, Јувентус ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Лацио и Милан, кој ќе се одигра вечерва на „Олимпико“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА