Јувентус сака да го врати Дибала!?

Раководството на Јувентус го контактирало агентот на Пауло Дибала , разгледувајќи сензационално враќање на играчот следната сезона, и покрај неговите тековни преговори за нов договор со Рома , тврди „Газета дело Спорт“.

Дибала помина седум сезони со „бјанконерите“, освојувајќи пет титули во Серија А , четири титули во Купот на Италија и две титули во Суперкупот на Италија, пред да се приклучи на клубот од Рим како слободен играч во летото 2022 година.

Тековниот договор на Аргентинецот со Рома истекува на крајот од месецот, а од Рома долго време разговараат за продолжување на договорот со играчот, но тој ќе мора да прифати намалување на платата што ја добиваше во последните две сезони.

Се вчитува...