Јувентус само до бод, Милан се одбрани на „Алијанц Арена“

Јувентус и Милан ремизираа 0-0 во дерби-дуелот од 35. коло во Калчо-лигата, резултат со кој „росонерите“ ја задржаа предноста од пет бода во однос на „старата дама“ на второто место на табелата. Пиоли може да биде задоволен и ако се знае дека за овој меч не можеше да смета на голманот Мењон и на речиси целата стартна одбрана, но и со таков состав успеа да одолее на налетите на „црно-белите“.

Јувентус имаше повеќе од играта, создаде неколку одлични шанси, но голманот Спортиело ги запре налетите на домашните фудбалери. Домаќините притискаа до самиот крај, Алегри во финишот ги уфрли и Милик и Киеза, но топката не сакаше да влезе во мрежата на „росонерите“, па овој дерби-дуел заврши со поделба на бодовите.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...