Италијанскиот првак Јувентус се лизна на гостувањето во Лече и само ремизираше против аутсајдерот играјќи 1-1. Без Кристијано Роналдо кој доби одмор, тимот на Маурицио Сари не беше посебно доминантен, па иако поведе со голот од пенал на Пауло Дибала во 50.минута, не успеа долго да ја сочува предноста.
Шест минути подоцна Матијс де Лихт играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а Манкосу беше успешен реализатор на ударот од белата точка. До крајот Јувентус не успеа да постигне втор гол за да стигне до триумф.
Јувентус на врвот на табелата има 23 бода, два повеќе од Интер, кој вечерва ја пречекува Парма во Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА