Јувентус се договори со Валенсија: Доаѓа Жоао Кансело за 38 милиони евра

Италијанскиот првак Јувентус ги договори условите за ангажман на португалскиот интернационалец Жоао Кансело, кој е член на Валенсија. „Старата дама“ ќе плати 38 милиони евра за услугите на играчот кој ја покрива десната странична позиција.

Жоао Кансело веќе има искуство во Серија А, со оглед дека минатата сезона беше дел од Интер, играјќи како позајмен играч од Валенсија. 24-годишниот фудбалер собра 26 настапи во дресот на „нероаѕурите“, но Интер не ја активираше клаузулата за перманентен договор за кој требаше да плати 40 милиони евра, пред се поради проблемите со финансискиот фер-плеј на УЕФА.

Се вчитува...