Јувентус се откажа од Погба, се врти кон Ериксен

Јувентус летово веќе ги ангажираше Адриен Рабио и Арон Рамзи како засилувања за средниот ред, но Маурицио Сари инсистира да му биде доведено уште едно ново име за овој дел од екипата. Пол Погба долго време делуваше како приоритет за „старата дама“, но директорот Паратичи по последните разговори реши да ги прекине преговорите со Мино Раиола, откажувајќи се од намерата да го врати францускиот плејмејкер во Торино.

Причината е јасна – Манчестер Јунајтед бара над 150 милиони евра за Погба, а Јуве нема намера да влезе во наддавање со Реал Мадрид во трката за оваа фудбалска мегаѕвезда. Наместо тоа, Паратичи го насочи вниманието кон уште еден врвен фудбалер од Премиер-лигата, Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Данецот беше поврзуван со Реал, но Зидан инсистира да биде доведен Погба, па сега „спарси“ имаат сериозен проблем – мораат да го продадат до крајот на преодниот рок или да ризикуваат тој следното лето да си замине без никаква отштета. Лондонскиот клуб најпрвин бараше над 100 милиони фунти, сега цената е спуштена на 50 милиони, што сигурно нема да претставува проблем за „старата дама“.

Се вчитува...