Јувентус се откажа од трката по Санчо

Јувентус ја продолжува потрагата по нов офанзивен фудбалер, но тоа нема да биде Џејдон Санчо откако италијанскиот гигант реши да се откаже од намерата да го доведе фудбалерот на Манчестер Јунајтед во своите редови.

Двата клуба во последните петнаесетина дена водеа преговори околу можноста за шестмесечна позајмица на Санчо, но беа далеку од заеднички јазик. Причина беше инсистирањето на Јунајтед на отштета од пет милиони евра за самата позајмица, како и високата плата од 200.000 фунти неделно што му следи на Санчо според договорот со англискиот клуб, од која Јувентус ќе требаше да покрие половина.

Раководството на „старата дама“ оцени дека тоа е преголема инвестиција за фудбалер што за шест месеци ќе може да си замине во друг клуб, па и официјално ги прекина преговорите со Јувентус.

Весникот „Тутоспорт“, кој традиционално е добро упатен во трансфер-плановите на „црно-белите“ од Торино, тврди дека сега вниманието целосно ќе се насочи кон Берарди од Сасуоло, а како „план Б“ ќе се разгледува опцијата за ангажман на украинскиот репрезентативец Георги Судаков од екипата на Шахтјор.

Се вчитува...