Јувентус се подготвува за „живот“ после Буфон

Јувентус напорно работи за да најде соодветна замена за Џиџи Буфон на кого деновите во фудбалот полека му се одбројуваат. „Старата дама“ својот интерес го насочи кон Алекс Мерет од Удинезе, кој сезонава брани како позајмен играч во тимот на Спал, сметајќи дека 21-годишниот талент може да прерасне во врвен голман доколку го продолжи да напредува.

Скаути на италијанскиот првак веќе долго време го следат развојот на овој млад чувар на мрежата, кој својот квалитет го покажа токму против Јуве во ремито од 0-0 во 29. коло од Серија А. Мерет успеа да ги скроти заканите на Дибала, Игуаин и Манџукиќ, оправдувајќи ги сите позитивни критики од италијанските медиуми.

При евентуален ангажман во Јувентус, Мерет прво ќе мора да се задоволи да биде замена за Војчех Шчешни, но во него гледаат голман кој би бил меѓу диреците на „Алијанц“ стадионот  во Торино долги низ години.

Се вчитува...