Душан Влаховиќ го одигра своето за Јувентус откако управата на најтрофејниот италијански клуб реши да ги прекине преговорите со српскиот голгетер.
Дел од медиумите во изминатите два месеци информираа за значителен напредок во преговорите што требаше да резултира со потпис на нов договор, но ситуацијата во меѓувреме се променила, особено по најновата по која Влаховиќ ќе го пропушти клучниот дел од сезоната на „старата дама“.
На „црно-белите“ им е јасно дека Србинот е огромно промашување откако во 2022 година платија 84 милиони евра за да го доведат од Фиорентина, најскап трансфер во клупската историја и инвестиција што Влаховиќ во ниту еден момент на ја оправда.
Договорот истекува на 30 јуни, а челниците на Јувентус донеле одлука истиот да не биде продолжен, туку „црно-белите“ да се активираат на пазарот и да доведат врвен голгетер за следната сезона наместо да го задржат Влаховиќ.
Известени за ситуацијата се и клубовите кои во изминатите шест месеци покажуваат интерес за српскиот репрезентативец, за кого трката за потпис како слободен играч допрва ќе се разгори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

