Јувентус сериозно ослабен на дербито со Лацио

Јувентус се обидува да влезе во победнички ритам во италијанскиот шампионат, но честите повреди му ги замрсуваат сметките на тренерот Масимилијано Алегри, кој се уште на ниту еден меч не можел да смета на комплетниот играчки кадар што го има на располагање.

Серијата проблеми продолжува и по оваа репрезентативна пауза, откако Алегри остана без неколку важни првотимци за неделното дерби со Јувентус. Главен проблем за „старата дама“ е неиграњето на Пауло Дибала, Аргентинецот ја загуби трката со времето по повредатана мускулот и воопшто нема да патува со остатокот од тимот за Рим.

Заедно со него во Торино остана и искусниот дефанзивец Џорџо Кјелини, како и бекот Де Шилјо и велшкиот играч за врска Арон Ремзи.

Се вчитува...