Јувентус сигурно чекори кон ЛШ, совладана и Болоња (ВИДЕО)

Екипата на Јувентус со 2-0 ја совлада Болоња, и го продолжи патот кон Лигата на шампионите идната сезона. Јуве покажа дека е во добра форма во финишот од сезоната, и е блиску да обезбеди пласман во најелитното клупско натпреварување идната сезона, а до крај ќе се бори и за влез во топ 3 екипи во Серија „А“.

Победата на Јувентус се „надзираше“ уште во 2. минута кога Дејвид погоди по асистенција на Калулу. 

Во второто полувреме во 57. минута Јувентус го постигна посакуваниот втор гол преку нововлезениот Турам, и така да ја обезбеди победата број 18 во првенството.

Се вчитува...