Јувентус со „аргентинско танго“ ја реши Џенова

Јувентус ја оправда фаворитската улога и се пласираше во четврт-финалето од Купот на Италија, откако „старата дама“ вечерва без многу мака ја совлада Џенова со 2-0.

Гостите допатуваа во Торино без речиси целиот стартен тим, а Јуве иако настапи со комбинирана екипа знаеше како да го искористи тоа. Во главна улога беа аргентинските ѕвезди на Јувентус, најпрвин Дибала го отвори резултатот со прекрасен удар од дваесетина метри пред крајот на првото полувреме, за во вториот дел конечните 2-0 да ги постави нововлезениот Гонзало Игуаин, на асистенција на Дибала.

Јувентус во четврт-финалето ќе се сретне со градскиот ривал Торино, кој денеска приреди изненадување со триумфот на гостувањето против Рома.

Се вчитува...