Јувентус со два пенали до победа над „фенерџијата“

Јувентус се мачеше, но на крајот сепак успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Беневенто, триумфирајќи со 2-4, и тоа со два гола постигнати од пенал од страна на Пауло Дибала. „Фенерџијата“ на табелата одигра максимално мотивирано против шампионот, па Јуве мораше да даде се од себе за да стигне до три бода со кои се зацврсти на првото место на табелата.

Дибала го отвори резултатот со еврогол од петнаесетина метри, но опуштањето во дефанзивната линија на Јувентус придонесе Беневенто да израмни. Јуве повторно поведе пред крајот на полувремето со пеналот на Дибала, што судијата го досуди по прегледување на снимката. Стартот на вториот дел донесе ново израмнување со вториот гол на Диабате, овојпат по корнер од левата страна.

Алегир немаше веќе простор за маневар, па ги уфрли во игра Игуаин и Даглас Коста. Врз Аргентинецот беше направен вториот пенал што Дибала го претвори во водство од 2-3, додека Бразилецот Коста со прекрасен погодок од над дваесет метри ги постави конечните 2-4.

Се вчитува...