Јувентус со нови дресови од рециклирана пластика (фото)

Торински Јувентус ја престави новата гарнитура дресови. Се работи за третиот сет на дресови кои целосно се направени од рециклиран материјал добиен од пластика извадена од океан.

Компанијата „Parlеy“ во соработка со „Adidas“, одлучи собраната пластика да ја претвори во материјално добро и од неа направи дресови за еден од најголемите европски клубови.

Јувентус така доби нов дрес направен од рециклирана пластика. Дресовите се во сива боја со жолти нијанси и е идеален за носење и на терен и надвор од него.

Се вчитува...