Јувентус со сите сили ќе тргне по Гвардиола

Пеп Гвардиола ќе биде главна желба на Јувентус во потрагата по нов тренер, откако Андреа Ањели решил повторно да се обиде да го ангажира трофејниот стратег на клупата на „црно-белите“ од Торино. Гвардиола беше приоритет на Јуве и минатото лето, но откако реши да остане во Манчестер Сити, „старата дама“ седна на маса со Маурицио Сари и го договори доаѓањето на менаџерот на Челси како наследник на Алегри.

Ањели е незадоволен од играта и резултатите под водство на Сари, за него нема дилеми дека Јувентус со играчите кои ги има мора да игра многу подобро од она што го покажува во моментов, а Гвардиола е стратегот што ќе може да го извлече максимумот од „старата дама“. Договорот меѓу Гвардиола и Сити истекува во јуни 2021 година, но челниците на Јувентус се оптимисти дека ќе успеат да се договорат со Пеп за предвремено заминување. Доколку тренерот се согласи на такво нешто, потоа италијанскиот првак би преговарал со Сити за да плати отштета од десетина милиони евра и да го доведе Гвардиола веќе во текот на ова лето.

Тој не само што би добил плата од над 30 милиони евра по сезона, туку и би имал буџет од над 200 милиони евра за нови засилувања. Желба на сите во клубот е конечно да се стигне до трофејот во ЛШ, што Јуве го нема освоено уште од 1996 година. Гвардиола има два вакви пехари, како тренер на Барселона во 2009 и во 2011 година.

Се вчитува...