Јувентус соопшти дека не планира да даде повеќе од 40 милиони евра за Икарди

Челниците на Јувентус отворено соопштија дека не планираат да потрошат повеќе од 40 милиони евра за купување на Аргентинецот од Интер, Мауро Икарди.

Како што пренесува „Кориере дело спорт“, тоа е најмалку 20 милиони евра помалку од тоа што Интер го бара за Икарди.

Преговорите меѓу двата клуба веќе се стартувани со оглед на тоа што Јувентус сака уште еден напаѓач откако одлучи да се ослободи од Марио Манџукиќ и Гонзало Игуаин. Но, „црно-белите“ нема да се брзаат околу Икарди затоа што најпрво мора да се решат токму од Манџукиќ и Игуаин.

Се вчитува...