Јувентус тргнува по Федерико Киеза

Италијанскиот првак Јувентус успеа да го врати Алваро Мората како засилување за нападот, но Андреа Пирло сака уште еден квалитетен офанзивец кој би можел да игра на повеќе позиции во навалната линија. Го има младиот Кулушевски, но тој го посакува и Федерико Киеза, најдобриот играч на Фиорентина.

Сепак, тоа не е воопшто лесна мисија за директорот Фабио Паратичи. Киеза има вредност од околу 70 милиони евра, а во моментов Јуве не може тоа да си го дозволи. Ќе мора прво да продаде поголем дел од фудбалерите кои се на трансфер-листа, а дури потоа да размислува за реализација на овој трансфер. На заминување од Торино се Даглас Коста, Даниеле Ругани, Сами Кедира, Матија Де Шилјо…

Јувентус ја разгледува можноста за едногодишна позајмица на Киеза, со опција за понатамошно комплетно откупување на неговиот договор од Фиорентина. Можно е и некој од фудбалерите кои се на трансфер-листа да бидат вклучени во оваа зделка.

Се вчитува...