Јувентус го реши прашањето на десен бек за новата сезона откако успеа да го доведе турскиот репрезентативец Зеки Челик, потпишувајќи тригодишен договор со овој фудбалер.
Челик беше слободен играч по истекот на договорот со Рома, но Турчинот во меѓувреме се договори за да ја продолжи соработката со „волчицата“. Договорот дури и беше потпишан од римскиот клуб и се чекаше само на потпис на веќе договорените услови со Турчинот, но до тоа не дојде откако Јувентус влета во „пет до дванаесет“ во целата приказна.
„Црно-белите“ од Торино му понудија нешто повисока плата на 29-годишниот дефанзивец, се согласија да ја покријат и провизијата од еден милион евра за неговиот агент (поради што беа одолговлечени преговорите со Рома), по што Челик замина за Торино, ги мина лекарските прегледи и потпиша договор со Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
